Intel значително ги намали цените на своите процесори, некои поевтинија за дури 300 долари. 

Оваа вест доаѓа од Intel после само неколку дена, откако AMD ги претстави новите Ryzen процесори кои се за дури 70% поевтини од сегашните цени на Intel процесорите. Покрај ниските цени, овие процесори ветуваат и поголеми перформанси во според со оние на Intel. Новите Ryzen процесори и официјално ќе започнат со продажба од 2 Март.

Целосна листа на Intel процесори кои добија ценовно намалување:

  • Intel Core i7-6950X – 300 долари
  • Intel Core i7-6900K – 200 долари
  • Intel Core i7-6850K – 150 долари
  • Intel Core i7-6800K – 140 долари
  • Intel Core i7-5820K – 100 долари
  • Intel Core i7-7700K – 80 долари
  • Intel Core i7-6700K – 140 долари
  • Intel Core i7-4790K – 90 долари
  • Intel Core i7-7700 – 50 долари
  • Intel Core i7-6700 – 90 долари
  • Intel Core i5-7600K – 70 долари
  • Intel Core i5-6600K – 90 долари
  • Intel Core i5-4690K – 70 долари
  • Intel Core i5-7500 – 30 долари
  • Intel Core i5-6500 – 50 долари
  • Intel Core i5-4590 – 60 долари
  • Intel Core i3-7350K – 20 долари
  • Intel Core i3-7100 – 15 долари
  • Intel Core i3-6100 – 20 долари

Доколку има дополнителни промени, информациите ќе бидат дополнително ажурирани.

Advertisements