На 11 Април, сите корисници на Windows 10 оперативниот систем ќе започнат да ја добиваат оваа наградба на нивните Desktop уреди. Наградбата за смартфоните со Windows 10 оперативен систем ќе започне 2 недели подоцна, односно на 25 Април.

Windows 10 Creators Update е 3-та по ред поголема надградба на Windows 10 оперативниот систем. Како за потсетување, првата надградба беше објавена во Ноември 2015 година, втората во Август 2016 година (или позната како Anniversary Update).

Главните подобрувања и новитети што ни ги носи оваа надградба?

  • Креирање на фолдери во старт менито
  • Night Light Mode
    • Опција која ја намалува сината светлина, а со тоа помага при полесно заспивање доколку долго време сте биле пред компјутерот.
  • Game Mode
    • Опција која дополнително ќе ги зголеми перформансите при играњето игри, со ограничување на позадиниските активности кои ги извршува уредот.
  • Одложување на надградбите кои ќе пристигнуваат по оваа верзија
    • Отсега, Microsoft на корисниците ќе им овозможи да го одложат инсталирањето на надградбите до 7 дена. Sketch
  • Во Windows Store отсега повторно ќе бидат достапни теми, исти како оние во Windows 7.
  • Paint 3D
    • Многу подобрена верзија од досегашниот Paint, со многу повеќе можности.
Advertisements